Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три дена посебен сообраќаен режим во Скопје, ќе протестираат сопствениците на ресторани за свадби

За утре (19 февруари), понеделник (22 февруари) и за вторник (23 февруари), во периодот од 14 до 17 часот, во Скопје е најавен протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фотостудија и музички бендови, информираат од МВР.

Протестот е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16. Македонска бригада и улицата Интернационални бригади.

Поради тоа, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.

Воедно, од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата да ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки.

Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона како и претходната.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК