9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Државата ќе подели две милијарди денари како поддршка за плати за 60.000 вработени

Преку финансиската поддршка за исплата на плати изминатиот период во државата се спасени стотици илјади работни места и се помогнаа илјадници домашни претпријатија, истакнуваат од СДСМ.

Од таму потенцираат дека со петтиот пакет економски мерки, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за работниците и за економијата.

„Спас на работните места и градење на стабилна, развојна економија се приоритетите од кои се водиме како државничка и одговорна партија. Токму затоа првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда 920 милиони денари“, потенцираат од СДСМ.

Објаснуваат дека поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.

Со оваа мерка според информациите од владеачката партија ќе бидат опфатени 60.000 вработени.

Од таму нудат уште една алтернатива. На компаниите ќе им биде на располагање и мерката број два, односно кредити со 0% камати преку Развојната банка на Северна Македонија за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи, како и за самостојните вршители на дејност и за приватните здравствени установи.

„Во зависност од вкупниот обем на работа и зголемената добивка, компаниите ќе имаат можност да добијат скалесто неповратен дел од 30% до 50% од самиот кредит, а за реализација на оваа мерка предвидени се 615 милиони денари, односно 10 милиони евра“, истакнуваат од СДСМ.

Спонзорирано: