Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски, остварија средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

На средбата Мицкоски го информираше Ќучук за актуелните внатрешни политички случување во Македонија.

„Претседателот Мицкоски посебно се осврна на слабостите кои се идентификувани со распространетата корупција, злоупотребата на институциите и слабите резултати од областа на здравството и економијата во овој кризен период, како и ја истакна загриженоста што владата ги нарушува идентитетските прашања што се последната црвена линија за заштита на националните и државни интереси.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ останува стратешки посветена на евроинтеграциски процес на Македонија со очекување дека секој понатамошен чекор е во насока на отворање пристапни преговори кои ќе бидат на принципиелна основа и со почитување на меѓународното право и основачките договори на Европската Унија“, соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +