Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат, а водат институции

Владата на Заев е на стаклени нозе. Министрите од областа на безбедноста и правдата Спасовски и Маричиќ се без НАТО сертификат за безбедност, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочија дека министрите од владата на Заев кои се соочуваат со најмногу сензитивни информации, според НАТО не се доверливи личности.

„Заев да каже дали е точно дека едниот нема сертификат зошто имал контакт со странска служба? А другиот поради случај на корупција? Недозволиво е министер на МВР да нема НАТО сертификат за безбедност. Како може Спасовски и Маричиќ да се не безбедни за НАТО, а да се безбедни за Македонија? Заев со нивно чување на позиција свесно ја поткопува безбедноста на државата. Цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел“, наведе ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат скопјанец пронајден починат на Средно Водно

ДЕСК