Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров и новaта романска амбасадорка разговараа за продлабочување на соработката

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјата, Адела Моника Аксинте.

„Успешната соработка со Романија како земја поддржувач на нашите европски интеграции ја бележиме во повеќе области, и тоа главно преку ИПА-инструментите“, посочил Димитров додавајќи дека во претстојниот период кога приоритетите на Владата се насочени кон унапредување на европските реформи, оваа соработка има голем потенцијал да се прошири и продлабочи.

Од страна на новоименуваната амбасадорка Аксинте била реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите за членство со Унијата што е можно побргу.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ДЕСК

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

ДЕСК