Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка за едно лице, осомничено за кривично дело кражба.

Според соопштението од обвинителството, осомниченото лице на 9 февруари украло автомобил „бе-ем-ве 330Д“, паркиран на улица Езерци, вреден 210.000 денари.

„Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото“, објаснуваат од Обвинителството.

На 33-годишното осомничено лице одредена му е мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +