Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер (над 70 км/час).

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува.

Во текот на ноќта особено по должина на Повардарието ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК