Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

30 фалсификувани ПЦР-теста пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир, денеска, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР-теста на Ковид-19 за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.

Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени, соопшти МВР.

Приведени се двајца албански државјани, кои биле изведени пред судија на претходна постапка. За преостанатите 28 патници – македонски државјани – ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК