Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин

Полицијата пронајде 1,5 килограми хероин во Арачиново и приведе едно лице.

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници го привеле Љ.А.(31) од Арачиново, Скопско, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во село Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени две полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, една полиетиленска ќеса хашиш, четири полиетиленски пакувања марихуана, осум куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка“, соопшти МВР.

Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК