Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 94 возачи во Чаир

Полицијата за еден ден казни 94 возачи во Чаир, од кои 11 биле без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (9.2.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Чаир казнети се 94 возачи, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11,, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за користење мобилен телефон. Изречени се осум казни за минување на црвено светло и шест за непрописно престројување.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК