Пред пет дена пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, беше казнет за непрописно паркирање на коловоз во општина Аеродром. Неговото возило било отстрането од сообраќај со пајак службата на Град Скопје. Пратеникот побрза да ја обвини градската власт дека пајак службата работи во спрега со урбаната мафија, а на штета на граѓаните, но при тоа не нагласи дека возилото непрописно го паркирал, со што го блокирал сообраќајот, како што стои во казнениниот налог, па потоа реагирале службите, пишува Локално.мк.
Град Скопје извести дека зборовите на Апасиев се клеветнички и не се вистинити. Според нив, пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот. Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.
Само неколку дена потоа, граѓани го фотографирале возилото на Апсиев паркирано на тротоар кај Собранието, за да потврдат дека пратеникот и понатаму не ги почитува правилата за паркинг, па узурпира јавен простор, во случајов на пешаците. И ова негово паркирање е казниво, но неговата намера е очигледна, да испровоцира реакција на наделжните, за потоа јавно да обвинува дека Град Скопје е дел од мафијашка игра.
Наместо да обвинува, Апасиев е подобро да почне да ги почитува законите, а преку неговиот пример се покажува неселективноста во пристапот на надлежните служби, пишува Локално.