Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Засилени сообраќајни контроли во главниот град, изречени вкупно 219 казни

И во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со засилени сообраќајни контроли во главниот град.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење мобилен телефон.

Изречени се и 12 санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло, 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК