Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски со пазарџиите: Овие луѓе овде буквално солзи ронат и едвај врзуваат крај со крај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше на средба со пазарџиите во центарот на Скопје на Зеленото пазарче. Тој рече дека со нив разговарал за начинот како властите во Општина Центар, во Град Скопје се однесуваат со нив.

„Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во којашто работат и во којашто државата се наоѓа. Важно е да кажам дека наместо розовите очила што се обидуваат владата и скапо платениот пиар со државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овде буквално солзи ронат и едвај врзуваат крај со крај.

Она што можев да го слушнам навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително нè мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа којашто денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ – ДУИ.

Ценам дека во периодот што следи вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната изборна програма што ќе биде дел од локалните избори. Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на коишто оваа Влада ќе биде минато и ќе дојде Влада што ќе работи за интересите на граѓаните и за интересите на Македонија.

Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен“, истакна Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК