Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ја водиме државата напред, а Мицкоски постојано блокира и кочи

Агендата на Христијан Мицкоски е антидржавна, додека СДСМ води напред, тој постојано нешто блокира, кочи, саботира, дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштение од владејачката партија.

„Додека СДСМ работеше на решавање на најкрупните прашања кои со децении ја влечеа нашата држава надолу, Мицкоски работеше против успехот на сопствената татковина. Се обиде да ги закочи процесите за членство во НАТО и ЕУ, работеше против преспанскиот договор и не аплаудираше на стратешкиот успех: членството во НАТО“, велат од СДСМ од каде додаваат и дека Мицкоски го поткопувал здравствениот систем во екот на корона-кризата.

„И покрај потврдената доверба кај граѓаните, СДСМ се менува, се демократизира и подобрува, а ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува целосно заглавена во режимската матрица“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува и дека граѓаните тоа го гледаат и знаат и затоа Мицкоски губи на избори.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +