9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужасно: Ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа, барал 1.500 евра – Полицијата му тропна на врата

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. (29) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Уцена“ предвидено и казниво по член 259 од КЗ.

Пријавениот во периодот од 21.01.2021 до 31.01.2021 со намера да се стекне со противправна имотна корист ја уценувал А.Б. (32) од скопско и побарал 1500 евра за да не сподели нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.

Притоа, на 31.01.2021, во 15:35 часот пријавениот, по претходен договор, се сретнал со оштетената во кафе бар на Плоштад Македонија – Скопје, каде противправно земал 500 евра, кои му биле предадени од страна на оштетената, при што од страна на СВР Скопје настанот е соодветно документиран.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.