„Оваа Влада покажа дека нема што да крие, ние денес за разлика од претходно кога бевме заробена држава, сме слободна држава, со слободни медиуми, секоја чаша вода се знае каде е потрошена. Помина времето кога по илјадници евра од народот се трошеа за луксузот на функционерите. Ние сме затоа тука, да ги скратиме дискреционите права на функционерите. Ние имаме седум инстиуции кои се борат против корупцијата, а не се електронски поврзани. Мораме да ги поврземе инспекторатите, да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат корупција, да ги анимираме општините, постојано ги намалуваме привилегиите, трошоците за репрезентација, тоа никогаш не било направено на унифициран начин. И сега кога отвораме широк фронт против огромните привилегии, фронт против нечесните судии и обвинители, се спротивставуваат криминалните структури. Но, никој не е над законот и ако сакаме трансформација на општеството, согласно нашата програма, мораме да ги овозможиме сите механизми за борба против корупцијата.“- истакна Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, во вестите на Сител.
Според него не постои сила во државата која може да ја попречи борбата против корупцијата и организираниот криминал, оти само така државата може да напредува, а граѓаните да имаат гарантирана иднина.
„Никој не смее да биде над законот. Затоа Антикорупцикса мора да се зафати со најсложените и најголемите коруптивни случаи. Ние активно работиме како Влада, овозможивме тројно поголем буџет за Антикорупциската комисија, а тука е и набавката на опрема за нивно полесно функционирање. Си ги знаеме целите и мораме да ги надминеме системските слабости и да ги решиме системските проблеми. Не постои сила во општеството која ќе не спречи во намерата“- заклучи Николовски.