Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Прилеп – две млади лица повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Прилеп, информира МВР.

– На 29.01.2021 во 06:14 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, Х.Р.(21) од Прилеп, управувајќи патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот Х.Р. и сопатникот Ф.Ј.(22) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на место на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +

СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“

C +

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +