Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нема олабавување на мерките, рестораните и натаму нема да работат по 21 часот – Министерството за здравство се огласи во јавноста

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

ДЕСК

Талески: Државата е заложник на долговите на власта, ВМРО ја стави иднината на граѓаните под хипотека

ДЕСК

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, владата трупа нови долгови

ДЕСК