11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Учениците се писмени, им треба образование кое ќе ги однесе на врвот

„Интеграција не значи инфузирање, интеграцијата значи модуларно поставување на секоја научна дисциплина и интеграција врз основа на теми кои укажува проблемско пристапување кон секое делче коешто го учиме за секоја тема. Притоа, секој ученик ќе добие оценка и по географија и по историја и по граѓанско, заради тоа што мора да има одредени факти што треба да ги знае, но, главно заедничкото планирање на предметот општествени науки на наставниците од различни научни дисциплини ќе треба да ни даде излезен резултат колку ученикот фактите што ги научил по дадените модули знае да ги употреби во секојдновното решавање на проблеми.“- објасни дел од Концепцијата за реформи во образованието, министерката Мила Царовска, во вестите на Сител.

Истакна дека секоја реформа што ќе следува ќе му донесе подобро на образованието отколку она што го имаме денес.

„Се што ќе направиме е подобро од тоа што е денес, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирање покажуваат функционална неписменост кај нашите ученици. Нашите ученици не се помалку интелегентни од другите ученици само им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот. За прв пат за реформи во образованието зборуваме во државата, до сега сите концепции што се носени, сите програми сите реформи заради тоа што се во надлежност на МОН немало дискусија , кога засегнати страни досега дискутирале за образование? Сега го имаме најтранспарентниот процес и верувајте навистина сум среќна затоа што јас верувам во демократија, верувам во тоа дека секој треба да си го каже ставот и токму затоа многу ги ценам конструктивните коментари.“- рече Царовска на Сител.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Убава вест за љубителите на снег: Измерена снежна покривка од 31 сантиметар во Македонија

ДЕСК

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +