Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за камиони на Стража

Утрово во 5 и 50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци, што беше воведена поради врнежи од снег.

Од 4 часот на регионалниот пат Велес – Прилеп, премин Плетвар, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.

Забраната на патниот правец крак Маврово – Дебар останува да важи.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +