Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во престрелка во скопското село Љубош

Попладнево, околу 13 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрвин дошло до физичка пресметка помеѓу Н. К. (68) и Х. К. (32), кои биле со автомобил „голф“, од една страна, и Н. Р. (48) и М. Р. (30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга.

Учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа повреди добиле Н. К. и М. Р., кои биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај што му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК