Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа

„Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани. Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. Десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, лажниот социјалдемократ Заев е всушност апсолутист кој власта ја користи за лично богатење. Затоа во пикот на епидемијата тој наместо за животите и здравјето на граѓаните е опседнат со бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство. Тоа што починаа скоро 2.600 лица, а 85.000 беа заразени, очигледно не го спречува Заев да ужива во луксузот стекнат со матни зделки, сомнителни коруптивни и криминални набавки.

„Алчноста по злато и пари на Заев ја претворија Македонија во најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана држава во Европа. Додека Заеви јадат со златна лажичка, огромно мнозинство нема ни за леб“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

САД ја замрзна обработката на визи за Македонија и уште 74 земји

ДЕСК

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

ДЕСК

Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ бара јавно извинување од СДСМ

ДЕСК