23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Во 2021 продолжуваат мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку одговорен, инклузивен и транспарентен пристап во 2020 креираше и спроведе сериозни економски мерки што придонесоа за ублажување на економските последици од коронкризата.Преку четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените од кризата, во вредност од 1,2 милијарди евра, спасивме десетици илјади работни места, а директно помогнавме на околу 500.000 граѓани“, соопшти СДСМ.

Според партијата, благодарение на таквиот пристап, во оваа 2021 година како држава успеавме да влеземе со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.

„Оваа 2021 година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, каде ќе ги искористиме сите економски потенцијали.Потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици и последици од коронакризата.Годинава продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, во сето она што е важно за нашите граѓани, за нашата економија.

Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализација на трошењата, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата.Како одговорна партија остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и полиитки што носат економски раст и повисок животен стандард за сите. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, на државата“, се вели во соопштението.