Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег

Времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК