Ние мора да го напуштиме концептот една Влада неколку премиери, еден за Македонците, еден за Албанците, еден за Турците и така натаму. Ние треба да имаме Влада со еден премиер и министри која ќе ги решава проблемите и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Бошњаците, и на Србите, и на Ромите, и на Власите, како и на сите граѓани. Премиерот е премиер на сите граѓани, Вицепремиерот и министер за политички систем е функционер кој се грижи за сите граѓани, министерот на МВР е министер за сите граѓани, министерот за МНР исто така е министер за сите граѓани. Владата ја бираат пратеници, а во Собранието имаме преставници на граѓани од различни етнички заедници, вели Џелал Хоџиќ, заменик- директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во интервјуто За „Локално“.
Во однос на тоа дали Бошњачката заедница ги ужива правата во споредба со останатите етнички заедници Албанци, Роми, Власи, Хоџиќ вели дека бошњачката заедница ја дели својата судбина, па така и положбата со останатите заедници во државата.
–Сите права на Бошњачката заедница, како и на останатите помалубројни заедници се остварени некаде на половина од она што го предвидува Уставот и законите. Од една страна, Бошњаците се среќни што се дел од преамбулата на Уставот на РСМ. Среќни се што имаат свој законски регулиран празник 28-ми Септември –Денот на Бошњаците. Среќни се затоа што е предвидена употребата на босанскиот јазик во неколку општини, училишта и други институции. Среќни се затоа што во Собранието е усвоена Резуолуција со која се одава почит на жртвите од геноцидот во Сребреница. Бошњаците во големо мнозинство сакаат да ја видат РСМ како членка на НАТО и ЕУ, демократски и економски уште поразвиена, многу поорганизирана држава, вели Хоџиќ.
Целото интервју на следниот линк на Локално.мк.


