33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Додека организира протести, предводникот на протестите на тутунарите Мирчески си го продал тутунот по повисока цена од просечната

Игор Мирчески човекот кој ги предводи протестите на тутунарите својот тутун го продал по прилично повисока цена од просечната.

Документи кои ни ги прати свиркач покажуваат дека мајката на Мирчески, Јелица склучила договор за продажба на тутун по цена од над 199 денари, кога просечната цена на килограм тутун изнесува 167 денари.

Додека предводи протести на тутунарите, Мирчески си издејствувал својот односно тутунот на својата мајка го продал по нереално висока цена.

Овој потег е доказ за лицемерно и нечесно однесување со кое се лажат и манипулираат тутунопроизводителите, вели нашиот извор.