Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен маж од Кочани, во неговиот дом пронајдени над 600 пиротехнички средства

Полицијата приведе 56-годишен маж од Кочани кај кого биле пронадени петарди, огномети и други пиротехнички средства.

Според информациите на МВР, вчеравечер, во 20.50 часот, полициски службеници го привеле З. Р. (56) од Кочани.

Претходно, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 разновидни пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Напад во Бутел: Му го попречиле патот, па физички го нападнале

ДЕСК

Драма во Скопје: Жена нападната откако одбила да даде пари

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во Карпош: Со сила и’ одзеле чанта на жена

ДЕСК