Во однос на откупот со тутунот, реално има подобрување и тренд на зголемување, просечната откупна цена за тутунот минатата недела беше 162 денари, а оваа 167 денари, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, додавајќи дека сите субвенции кои досега не се исплатени, ќе се исплатат со предвидената динамика
Хоџа додаде дека после ребалансот на буџетот се одобрени 1,8 милијради денари за затварање на сите останати плаќања во земјоделството.
За жал, оваа година и минатата се исплаќаа и неисплатени субвенции од претходната влада, нагласи Хоџа.
Тој истакна дека цело време се исплаќа, а од следната година сите заостанати плаќања ќе бидат исплатени, односно ќе се исплаќаат субвенции само за 2020 година.