Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

285 санкционирани возачи во Скопје, 33 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“. За неносење заштитна маска изречени се 22 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +