Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Обвинетиот 38-годишник, на 13 ноември, во своето возило „субару форестер“ неовластено заради продажба држел марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со амфетамин. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност од криење и бегство, како и можност тој да го повтори делото, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +