Според сите статистики, Северна Македонија е земја со најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во регионот, и покрај бројните проблеми, многу семејства се должни да издвојат значајни средства за погребите на нивните најблиски од оваа болест, соопшти Алијансата за Албанците.
„Според информациите што ги имаме од граѓаните, разни погребални компании ја злоупотребиле ситуацијава и за нивните услуги барале од 12.000 до 35.000 денари, цена која е висока за специјална ПВЦ-пластична торба, каде што е завиткано телото на починатиот, како и лимен ковчег, врз основа на еден протокол, кој според Државниот санитарен и здравствен инспекторат НЕ ПОСТОИ.
– Зошто Министерството за здравство девет месеци дозволил вакво нешто, кога знаел дека не постои таков протокол и дозволил кражба на граѓаните?
– Во која жиро-сметка се исплатени средствата од страна на граѓаните, за ПВЦ-торбите и ковчегот со телата на починатите од Ковид-19?
– Кои се компаниите кои се договорени од страна на Министерство за здравство за кражбата на граѓаните?
Затоа бараме:
– Итно да се прекине со злоупотреба и класична кражба на граѓаните од страна на Владата и истата да подготви протокол за погребување на мртвите од Ковид-19.
– Семејствата кои се оштетени, повеќето социјални случаи, веднаш да се компензираат, и да им се враќаат украдените средства.
– Бараме одговорност и отчет од страна на мМинистерот Филипче, за оваа СКАНДАЛОЗНА ИЗМАМА, каде директно се допира во џебот и се крадат граѓаните“, се вели во реакцијата на партијата.