17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Италија: Казна од 10 милиони евра за „Епл“ поради неточно рекламирање

Италијанската антимонополска комисија ги казни двете компании „Епл Интернешнл“ и „Епл Италија“ со 10 милиони евра поради неточно рекламирање на паметни телефони и неисполнување на обврските, кои се гарантираат при набавката на нивниот мобилен телефон, пишува агенцијата Аги.

Имено, американската компанија во рекламните пораки за италијанскиот пазар тврди дека нивните паметни телефони се отпорни на вода до длабочина од 4 метри во траење од 30 минути.

Сепак, контролата утврдила дека тоа не е точно и дека тврдењето на компанијата се однесува само на лабораториско тестирање на паметните телефони, во строго контролирани услови.

Имено, за време на лабораториски тестирања се користи статичка и чиста вода, што не одговара на условите во реалниот живот.

Исто така казната следува и бидејќи компанијата „Епл“ одбила да им ги признае штетите на клиентите, предизвикани откако паметниот телефон бил оштетен од вода или некоја друга течност, иако со гаранцијата тоа го презма како одговорност.

Според агенцијата Аги, најпродавани мобилни телефони во Италија се „Самсунг“, а на второ место е кинескиот „Шаоми“.

Мобилните телефони на „Епл“ се наоѓаат на четвртото место според продажбата во Италија, а годинава имало пад на продажбата за 10 проценти.