Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења поради тешка кражба во маркет во Ѓорче Петров

По претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, полициски службеници од подрачјето на општина Ѓорче Петров, на 26 ноември извршиле претреси во Скопје и селото Кондово.

Притоа уапсени се скопјанецот Е.Б. (22) и 21-годишниот жител на Кондово, С.С.

Претходно, на 19 месецов во полициска станица бил повикан А.А. (24) од селото Љубин.

Oд МВР информираат дека станува збор за акција во врска со тешка кражба извршена во маркет во Ѓорче Петров на 19 ноември, од каде биле одземени пари.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола – СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

ДЕСК

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

ДЕСК

АЛТА БАНКА УТРЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Собранието ќе бара одговори за воведената администрација и одговорноста на институциите

ДЕСК