Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на средба со Гир: За ЕУ нема алтернатива, без разлика на исходот во декември

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари редовна работна средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата, амбасадорот Дејвид Гир.

Предмет на разговорот беа актуелностите за усогласувањето на преговарачката рамка за почеток на ЕУ-пристапните преговори на Северна Македонија помеѓу земјите членки на ЕУ во Брисел, претстојниот одлучувачки Совет на ЕУ, кој ќе се одржи на 8 декември и напорите да се надминат пречките од билатерален карактер со Бугарија.

„Особено ги цениме активниот ангажман и принципиелниот став на Европската комисија за постигнување консензус помеѓу земјите членки на ЕУ за предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија и закажувањето на првата меѓувладина конференција во текот на германското претседателство со Советот на ЕУ до крајот на 2020 година. Пристапниот преговарачки процес за членство во ЕУ нема алтернатива, ниту план Б и дека без разлика на исходот на Советот во декември, Северна Македонија ќе остане посветена на спроведување на реформите со ЕУ-предзнак и на унапредување на добрососедските односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија во согласност со договорот за пријателство“, истакна Османи.

Соговорниците разговараа и за актуелните внатрешнополитички случувања во државата, состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19, состојбите во регионот, но и за имплементација на постигнатите придобивки од успешното копретседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК