12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Доколку немавме корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи

Владата на Зоран Заев и СДСМ е тотално изгубена. Ветото за почеток на преговорите ја извади на виделина целата нивната неспособност и во сегментот на надворешната политика, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Заев и Димитров сe одговорни за сите договори, сите отстапки од националните интереси ги правеа во име на Европската Унија, а сега говорат за план Б. Но, кој е тој план Б? Има ли пилот во Владата? Зошто Македонија го менуваше уставното име и дали го смени само за да добие уште едно ново вето“, запраша Арсовски.

Според него, целата јавност им посочувала на владините функционери дека договорите со соседните земји се штетни и не гарантираат европска иднина.

„Затоа и ги прашуваме ако сега имаме вето и ако власта на СДСМ е свесна дека погрешила, што ќе направи со договорите? Европската иднина се гради со реформи, а не со пазарџиско лажење и лажни ветувања“, нагласи портпаролот на опозициската партија.

Тој оцени дека во изминатите години Македонија станала најкорупмирана држава во Европа, а Заев станал синоним за корумпиран политичар.

„Македонија да имаше Влада со европски вредности, а не корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи“, додаде Арсовски и порача дека излезот од оваа ситуација е само оставки од Заев, Димитров и од Шекеринска и формирање влада на национален спас.

Спонзорирано: