11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Досега успеавме многу – продолжуваме со контакти со бугарската страна да изнаоѓаме решенија

– „Успеавме многу, денес сме членка на НАТО имаме одлука пред неколку месеци во март оваа година едногласна за почеток на преговорите и еве сега на неколку месеци да не добиеме зелено светло поради една членка земја на ЕУ, а тоа е Бугарија.“, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ21.

-„Сите овие денови јас можам да потврдам без некои детали дека контактите продолжуваат меѓу двете земји и јас со Борисов и нашите МНР и министерот за европски прашања од друга страна министерката Захариева и потпретседателот на Владата и МО Каракачанов и нивните тимови продолжуваме да изнаоѓаме решенија.“, рече премиерот Зоран Заев.

– „Секако поради изнаоѓањето на решението остануваме на принципите кои се важни секогаш за да се постигне договор а тоа е тие да водат грижа за нас и нашите позиции, ние да водиме грижа за нив и нивните позиции и низ духот на пријателството тоа да го постигнеме.“, вели Заев.

Спонзорирано: