Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Трагедија на македонските патишта: Жена почина на лице место, а уште две се повредени

Едно лице загина на лице место додека две се повредени откако автомобил излетал од патот кај Кратово.

„На 15.11.2020 околу 15.30 часот во с.Железница,кратовско на пат од с.Туралево кон Кратово патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош“ информираат од полиција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК