Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага зимскиот распуст да биде од 15 декември до 21 јануари

За да се избегне пикот на пандемијата зимскиот распуст на учениците треба да почне од 15 декември, порача на прес-конференција, Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21 јануари 2021. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто“, изјави Јаневска.

Состојбата по училиштата и градинките, од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како крајно загрижувачка.

„Секојдневно имаме заразени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите, што е класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование“, истакна Јаневска, додавајќи дека околу 10.000 ученици во оваа земја следат наставата на опционален начин, а огромен број не следат настава, воопшто.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК