Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со магла и ниска облачност по котлините. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

НОЌНО АПСЕЊЕ ВО СТРУГА – 23-годишник возел „пасат“ без возачка дозвола

ДЕСК

ПО 30 ГОДИНИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК – Нацртите испратени на меѓународна оценка

ДЕСК

СО МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата уапси 37-годишен маж во Гевгелија

ДЕСК