Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра помош за реализација на инвестиции

Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост -ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата. Денеска Владата ја усвои листата на компании кои што ги исполнија условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Како што објави министерот, тоа значи дека ќе се реализира оваа мерка, која беше дел од Третиот сет економски мерки во рамки на Министерството за економија за справување со последиците од Ковид-19.

„Министерството за економија во наредниот период ќе склучи договори со компаниите за реализација на инвестициите со што ќе започне и исплата на средствата. Целта на оваа мерка е директно да ги поддржиме компанииите со цел да се стабилизира и обнови нивната конкурентност вклучувајќи го и враќањето на изгубените пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат заздравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот од март 2020 до декември 2021 година“, напиша министерот Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК