Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен угостител во Тетово кој работел навечер и покрај забраната

Синоќа во 22:35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од село Долно Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.

При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај одлуката на Владата за работното време на угостителските објекти, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК