Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник од Скопје, со закана со нож ограбил маж кај железничката станица

Полицијата приведе разбојник, кој вчера со закана со нож ограбил маж во близина на железничката станица во Скопје.

Според информациите на МВР, полицијата денеска го привела Е. И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.

Тој вчера на улицата Вера Радосавњевиќ, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка.

Веднаш по пријавувањето на случајот, сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и украдените предмети.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка: Судир меѓу мотор и автомобил, едно лице итно пренесено во болница

ДЕСК

Шокантно: Ограбена џамија – украдени парите од сефот за донации

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК