Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што пред споменикот на Гоце Делчев немаше ниту еден пoвисок претставник на владата

Владата должи објаснување какви обврски имале Заев и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот. Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври“, велат од партијата.

Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев.

„Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат. Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК