Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу владата на СДСМ и Зоран Заев се откажат од Гоце Делчев и јазикот, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја почитува таа одлука и ќе ја поништи.

„Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил Бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +