Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Штип

Осумдесет и едногодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Штип.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 09.50 часот на крстосницата на улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, кога автомобил „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрил во пешакот Б.Д.(81) од Штип. .

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК

Македонската опера и балет: Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот баритон Ристе Велков

ДЕСК

Лишен од слобода крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци

ДЕСК