Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за разбојник што ограбувал куќи во Охрид

Поради сомнение за сторени четири кривични дела тешка кражба и пет дела тешка кражба во обид, охридската полиција поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј. Н. од овој град.

Како што информираат од МВР, тој тешките кражби ги извршил во периодот септември-октомври годинава насилно влегувајќи во куќи во Охрид.

Притоа, одземал златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, со што стекнал противправна имотна корист од речиси 200.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК