22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

13 години подоцна – повторно на истото „Место на злосторот“

13 години подоцна, Тони Андреев со својата маестрална изведба на големиот хит „Место на злосторот“, повторно не навраќа на местото каде се случи големата трагедија во која животот го изгуби нашата легенда Тоше Проески.

Тони вели дека ова е негова втора преработка на песна од Тоше, но планира да му стане традиција за никогаш да не се заборават делата кои зад себе ги остави нашата најголема легенда:

– Минатата година токму на овој ден ја објавив првата преработка на песна од нашиот Тоше и ветив дека ќе се потрудам да трае секоја секоја година за никогаш да не се заборават делата кои ги остави зад себе. Еве денеска токму на овој ден ја промовирам втората преработка, овој пат се работи за темата „Место на злосторот“ која остави голем белег врз сите нас и секогаш кога ќе ја слушнеме не потсеќа на големата трагедија. Тоше живее во нашите срца и тоа така ќе биде засекогаш!, вели Тони Андреев.

Комплетната преработка е дело на самиот пејач, но во проектот свое учество земаат и Владимир Здравев (клавијатура) и веќе докажаниот режисер Алек Тасевски кој се погрижи за видеото снимено во Ликовниот салон во Велес да изгледа автентично и оригинално.