Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трифун Костовски: Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели бизнисменот Трифун Костовски, едне од акционерите на Еуростандард Банка, по вчерашната информација дека Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.

„На 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај.Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели Костовски.

Според него, „кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на Еуростандард Банка, а финализирани ако не од кој било друг,туку од Народна Банка.

Тој смета дека неговата колумна објавена на 13.10. 2020 на порталите е повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави.

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, додава тој во писмената изјава до медумите.

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.Како што информираа од НБРМ, кривичната се однесува за предизвикување стечај на банката.

Народната банка до Јавното обвинителство предложила и преземање мерки што се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК