Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за дивите платформи на Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за изградбата на дрвени платформи на Матка. Тие се осомничени за кривично дело узурпација на недвижности.

„Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум со намера зазел во владение туѓа недвижност, што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од тула и дрво со површина од 49 м2“, соопштија од Обвинителството.

Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели, исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција со површина од 189,54 м2, на која изградил привремен објект со површина од 187 м2.​

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Снег вее во Битола – еве каква е ситуацијата и на Ѓавато

ДЕСК

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2026: Студ ќе ја обвие Македонија, доаѓа силен ветер, на некои места ќе вее и снег

ДЕСК

Утре сончево време, утрински температури до -10 степени

C +