Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски – Јан Коп: Да се искористат холандските искуства во борбата против компјутерскиот криминал

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Како што информираат од ресорното Министерство, на средбата била потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта.

Посебен акцент бил ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал, во кој Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид криминал.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ПОЧИТУВАЛ СИГНАЛИЗАЦИЈА И ВОЗЕЛ ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА: Нови детали за трагичната несреќа во Скопје

ДЕСК

СОНЦЕ, ТОПЛИНА И ПОПЛАДНЕВНА НЕСТАБИЛНОСТ: Еве какво време нè очекува на 31 мај

ДЕСК

СДСМ: Лагите на Мицкоски

ДЕСК